Вчера (20.08.) околу 18,50 часот на автопатот А-1, Велес – Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на “Македонија Пат“, се случила сообраќајна несреќа во којашто автобус марка „неоплан“ со скопски регистерски ознаки сопственост на „Бус Травел“ ДПУ ДООЕЛ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во провалија.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сите 27 патници, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени во болници во Велес и Скопје. Како последица од здобиените повреди лицето Н.П. (68) од Скопје починала на КАРИЛ.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител од ОЈО Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес. На лице место излезе и екипа на Територијална противпожарна единица Велес.Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента. Увидот на лице место ќе продолжи и во текот на денешниот ден.