Од денес започнува Школата за фудбал на ФК Барселона во Охрид.
Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои од денес до 27ми август ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што се одржува на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.
На кампот учествуваат деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на ФК Барселона, а тренинзите ќе бидат поделени во две групи од 6-10 год. и 10-16 години.