Во периодот 23-27 Август 2017 година, најдобрите македонски борачи Елмедин Сејфулау, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе учествуват на Светското првенство во борење (слободен стил), во Париз (Франција).
Македонскиот олимписки комитет во целост ги покри сите финансиски трошоци на ФБСМ за учество на најдобрите македонски борачи на ова Светско првенство.
За време на ова СП ќе се одржи и конгрес на UWW (United World Wrestling) на кој ќе учествуваат претседателот и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов кои ќе се обидат да добијат нова помош од UWW и да добијат организација на меѓународен боречки настан во Македонија.