Средба на министерот Спасовски со диркеторот на ДЗС, Аднан Џаферовски

Денес (22.08.) во Дирекцијата за заштита и спасување, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со директорот на оваа институција г-дин Аднан Џаферовски.

Притоа во фокусот на разговорот беа, пред се, состојбите во поглед на пожарите, како и мерките и активностите што двете институции, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, ги превземаат за превенција и справување со пожарите.

Министерот Спасовски, кој воедно е претседавач на владиниот Управувачки комитет за координација и управување со кризи, заедно со г-динот Џаферовски, оценувајќи ги досегашните активности како успешни, констатираа дека е неопходно во наредниот период да се иницираат мерки и проекти за поинтензивна координација и соработка на институциите заради обезбедување на поквалитетен кризен менаџмент, особено во поглед на превенцијата.