Градоначалникот Бакрачески се сретна со тренерите на летниот камп на ФК Барселона

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска ги прими тренерите на летната школа на фудбалскиот клуб „Барселона“ која од вчера до 27. август, ќе се одвива на терените на СРЦ „Билјанини извори“ .

На средбата, тренерите на ФК „Барселона“ рекоа дека имаат одлични услови за работа и според првите контакти сметаат дека има многу талентирани учесници на кои ќе им ги пренесат искуствата на нивната фудбалска школа. Градоначалникот Бакрачески рече дека е задоволен што се реализира овој проект на Локалната самоуправа, кој не само што ќе придонесе за развој на спортот, туку преку брендот на ФК „Барселона“, Охрид ќе се промовира ширум светот.

Заеднички беше констатирано дека за следната година, ќе се искористат искуствата и дека покрај од Македонија ќе има учесници и од соседните земји.