Директорот на Царинската управа се сретна со раководителот на одделот за соработка во ДЕУ

Денес во просториите на Царинска управа, директорот на Царинската управа  Ѓоко Танасоски одржа работна средба со раководителот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје Никола Бертолини.

На работната средба се разгледа взаемната соработката и поддршката која Делегацијата на ЕУ и ја дава на Царинската управа, во насока на постигнување на европските стандарди во работењето.

Директорот Танасоски го информираш Бертолини за определбата и посветеноста во исполнувањето на стандардите на ЕУ во царинското работење, како и за подготвеноста за понатамошни реформи, преку користење на поддршката од ЕУ за исполнување на сите потребни стандарди за членство во Царинската унија на ЕУ. Во таа насока, беа дефинирани насоки за понатамошната соработка која ќе се реализира преку заеднички проекти.

На работната средба се констатираше и потребата од продолжување на координацијата на соработката во наредниот период, преку одржување на редовни средби на високо ниво.