Угриновски со отчет: Со работа која носи подобро во општина Вевчани реализиравме голем број проекти

Со работа која носи подобро во општина Вевчани реализиравме голем број на проекти, истакна градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриновски.

„Изградивме училишна зграда, една од најубавите во Македонија, набавивме нова училишна опрема, изградивме спортска сала, целосно е реконструирана детската градинка, изградивме шеталиште по должината на Вевчанска река, изградивме паркинг пред Вевчанските извори, се изгради Порта Вевчани…“, ова се само дел од проектите кои ги наброја Угриновски, кој даде отчет за сработеното.

Општина Вевчани, додаде тој, нема да застане тука. -Вевчани може многу и сака да се развива. Продолжуваме со работа која носи подобро.