Ноќта на 22-23 август 1791 година, мажите и жените оттргнати од Африка и продадени во ропство, го искажаа својот револт против таквиот систем и добија слобода и независност за Хаити, стекнато во 1804 година. Оваа револуција беше пресвртна точка во историјата на човештвото, и во голема мера влијаеше на формирањете на универзалните човекови права, за кои што сме задолжени сите.
Храброста на овие мажи и жени создаде обврски за нас. УНЕСКО го одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на трговијата со робови и нејзино укинување за да им оддадат почит на сите оние кои се бореа за слобода и, во нивно име, да продолжи да ја раскажува нивната приказна и вредностите. Успехот на ова востание, предводена од самите робови, е длабок извор на инспирација денес за борба против сите форми на ропство, расизам, предрасуди, расна дискриминација и социјална неправда, кои се наследство на ропството.
Историјата на трговијата со робови и ропството создаде бура на бес, суровост и горчина која сеуште не е намалена. Тоа е исто така приказна за храброст, слобода и гордост во новооткриената слобода. Целото човештво е дел од оваа приказна, со своите престапи, но и добри дела. Би било грешка и криминал доколку тоа се прикрие и заборави. Преку својот Проект „Патот на робовите“, УНЕСКО има намера да изгради подобар свет и да ги покаже историските и моралните врски кои ги обединуваат различните народи.
Исто така, Обединетите нации ја прогласи Меѓународната Декада за луѓе со африканско потекло (2015-2024). УНЕСКО придонесува за тоа преку нејзините образовни, културни и научни програми со цел да се промовира придонесот на луѓе со африканско потекло за градење на современите општества и обезбедување на достоинство и еднаквост за сите човечки суштества, без исклучоци.
WebOhrid