Словенија 29-22 Македонија

Македонската машка ракометна репрезентација денес го претрпе првиот пораз на ова Светското првенство кое се игра во Франција.

Репрезентацијата на Словенија успеа да ја победи нашата репрезентација на овој натпревар со 29-22. Словенците доминираа во текот на целиот натпревар. Македонија имаше предност само еднаш и тоа на почетокот на натпреварот со 1-2. Словенија изедначи и ја зголемуваше предноста за предност од 16-10 на полувреме.

Во второто полувреме следеше изедначена борба, но разликата остана иста, а до крајот Словенија дури и успеа да ја зголеми разликата за победа од 29-22. 

Наредниот натпревар Македонија ќе го игра во среда против Шпанија (18 јануари) со почеток во 20:45 часот.

WebOhrid