ФК Вардар успеа да обезбеди учество во групната фаза од Лигата Европа. Со тоа, Вардар успеа да биде првиот македонски фудбалски тим кој обезбедил пласман во оваа фаза на натпреварување.
Вечерва во Турција, Вардар успеа повторно да го надмудри тимот на Фенербахче. Овој пат со победа од 2:1 и со вкупни 4:1 Вардар оди понатаму, во групната фаза од Лигата Европа.
Стрелци на головите беа Нојштадер за 1:0 за Фенербахче во 61 минута, на 1:1 изедначи Џигаури во 68 минута, а Глигоров во последните моменти од натпреварот (90+1) успеа да постигне гол и да му донесе нова победа на Вардар од 1:2.
Извлекувањето на тимовите за групната фаза ќе биде утре, каде Вардар ќе ги добие следните противници.
Другиот наш претставник – Шкендија забележа пораз од 0:1 од Милан и со вкупни 0:7 го завршува годинешното натпреварување во Лигата Европа.
WebOhrid / фото: fkvardar.mk