Инфоден и работилница посветени на категоријата Проекти за соработка на програмата Креативна Европа на ЕУ

Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Хрватска на 29 август со почеток во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје организира „Инфоден и работилница посветени на категоријата Проекти за соработка на програмата Креативна Европа на ЕУ“.

За време на настанот, македонските културни оператори ќе имаат можност да се запознаат со целите, приоритетите и критериумите на оваа категорија, хрватското искуство со програмата (успешни проекти), базите за барање на партнери и Европската година на културно наследство 2018.

Преку презентациите на Анера Стопфер (Канцеларија на Креативна Европа – Култура на Република Хрватска) и Билјана Прентоска (Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Република Македонија), учесниците ќе се воведат во работилницата во рамки на која заеднички ќе работат на развој на конкретни проект идеи, согласно критериумите на оваа категорија. Настанот има за цел да ги информира и подготви културните оператори за претстојниот повик за категоријата „Проекти за соработка“.

Програмата за настанот можете да ја најдете тука.

Вашето присуство да го потврдите на следната електронска адреса: biljana.prentoska@ced.mk.