Под покровителство на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов веќе седум години се одржува интензивен тренинг за млади лидери од Р.Македонија и регионот кој што несебично е поддржан и од целиот бизнис сектор на РМ.
Предавач на осмата меѓународна обука за лидери на претседателот Иванов која се одржува во Охрид беше охриѓанецот м-р Фисник Доко, сертифициран мајкрософт тренер и софтвер архитект, кој одржа предавање на тема: „Зголемување на продуктивноста со ИТ вештини“.
На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, ЕУ, САД и Кина, кој ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.
Меѓу предавачите на осмата по ред Школа за млади лидери се и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Реџеп Меидани, професорот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, д-р Ѓорѓија Петкоски, професорот на Универзитетот во Цирих, д-р Марко Штенберген, како и еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, г. Дејвид Голдсмит.
Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Норвешка, Австрија и други земји.