На вчерашното обраќање пред прилепчани, премиерот Никола Груевски најави Откуп на стаж за работниците од пропаднатите фирми и продолжено породилно отсуство, објави „Курир“.
Владата планира зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, што значи, дополнителни три месеци за мајките кои ќе родат втори, трето или повеќе деца со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата.
„Затоа СДСМ не може со креираните и монтираните снимки да го сруши ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што народот гледа. Гледа дека оваа политичка гарнитура се грижи за сите насекаде низ Македонија, и за сите категории граѓани, и постојано и неуморно наоѓа нови решенија за проблемите на народот, нови решенија за поквалитетен живот“, истакна Груевски.
Освен тоа, премиерот најави и откуп на стаж од работниците од пропаднатите фирми.
„Одејќи на терен слушнавме за уште едно барање на многу работници, на кое веќе изнајдовме решение кое наскоро ќе се преточи во закон. Тоа е бараното од многумина право на откуп на стаж за работници кои работеле во фирми кои се пропаднати поради стечај или слични причини и кои подолго време не работат и постојат. Со новите законски измени кои ќе следуваат, се предлага работниците од ваквите фирми да можат, досега не можеа, да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година, со оглед дека од 1.1.2009 започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, по намалена стапка“, истакна премиерот.
Премиерот Груевски порача:
„Следете ги политичарите по тоа што го создаваат за вас, по тоа што го работат да го подобрат вашето секојдневие, по тоа што се обидуваат да ви отворат повеќе можности и шанси за вас и вашите најблиски.“– рече Груевски.