По повод Меѓународниот ден на таткото, 15ти септември, Женски Центар „Бисера“ Охрид, објавува награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „Татко“.
Конкурсот трае од денес, 25ти август до 13ти септември 2017 година. Литературните и ликовните детски творби треба да се достават до канцеларијата на Женски Центар „Бисера“ Охрид, која се наоѓа на ул.„Димитар Влахов“ бр.8 Охрид во време од 11 до 13 часот секој работен ден или во училиштето.