Се гради тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, извршува градежни активности – изведба на тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата кај гимназијата „Св.Климент Охридски“ наспроти учителската зграда во должина од 100 метри.

NiskogradbaTrotoarJaneSandanski02

„Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел, бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови.

Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег, а се зголемува и безбедноста на учесниците во сообраќајот.“- велат од претпријатието.

NiskogradbaTrotoarJaneSandanski03