Се чистеше во ОУ „Климент Охридски“ во нас. Далјан и околните улици

Денес дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” направија акција за расчистување во ОУ „Климент Охридски” во нас. Далјан. Се чистеше расфрлан комунален отпад од околните шанкови и се косеше целиот комплекс, како и влезот и дворот пред почетокот на школската година, затоа што во летниот период дел од просторот користи шанк, друг дел се користи како плажа. Дел од екипите продолжија со расчистување и косење на улиците „Сатеска”, „Трајче Трајчески”, „Мичо Гилич” и „Васил Стефоски”.