Заев: Нека е честит Курбан Бајрам, празникот на добрата мисла и добрите дела

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, дозволете, еве овде од Арачиново, на сите граѓани со муслиманска вероисповест, да им го честитам големиот празник Курбан Бaјрам, празник што значи солидарност, празник што значи хуманост, што значи помош на сите други кои се околу нас.

Навистина, овој празник ја испраќа целата добрина и топлота и го прави величествен сам по себе, поради тоа што ја покажува суштината на човечкото постоење. Тоа е празник кој што не потсетува дека добрината треба да биде наша водилка. Животот е минлив и менлив, а зад нас останува добрината која што ја оставаме кон сите во општеството и кон оние на кои им треба помош. Затоа секогаш да се потсетуваме на вредностите што празникот ги вади на површина, а тоа е меѓусебно помагање, не само на своето семејство, туку и на на пријателите, на соседите, на сите кои што се околу нас. Само така ќе остане споменот за нас, за нешто добро што сме правеле за сите други.

Водејќи ја кампањата и концептот едно општество за сите, навистина и празников ја доловува токму смислата на тој концепт – едно општество за сите. Добрината кон другиот, добрината кон различните, добрината кон она што го очекува и Господ и граѓаните од нас, верувам дека ќе биде водилка на сите нас граѓаните, Македонија да биде земја за сите. Едно општество за сите.

Честит празник Курбан Бајрам до сите граѓани од муслиманска вероисповест.