ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста вели дека договорите и да се потпишат подоцна превозот секогаш се одвивал без прекин

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Почитувани,

неверодостојните фабрикувани информации станаа синоним за СДС Охрид коишто повеќе личат на чаршиска-шоу програма, отколу на сериозен партиски став.

Главните виновници за наследената лоша фрапантно хаотична состојба во образованието и негрижата за учениците се дрзнаа да кажуваат за крајно одговорните, храбрите и бескомпромисни чекори што ги преземаат ВМРО-ДПМПНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески.

Апсолутно не е точна информацијата дека не постои грижа за превоз на учениците од основните училишта од страна на Локалната самоуправа. Директорите на основните училишта навремено ја отпочнаа постапката за избор на најповолен понудувач за превоз на учениците и во повеќето училишта истата е веќе завршена и учениците од 4.9.2017 година непречено ќе користат превоз ДО и ОД училиштата. Постапката за превоз на учениците е завршена во сите средни училишта во градот и во основното училиште во Пештани. Училиштата коишто с`е уште немаат избрано превозник ја повторија постапката поради високата цена на понудувачите и истата е во тек. По завршувањето на постапката с`е ќе биде надминато и учениците непречено ќе го остварат ова нивно право загарантирано со закон. Реалноста вели дека договорите и да се потпишат подоцна превозот секогаш се одвивал без прекин. Сето ова се прави с`е со цел да се овозможи пониска цена за превоз на учениците, а со тоа би се заштедиле парични средства во Буџетот на Општина Охрид.

Излезете пред јавноста, учениците и нивните родители и одговорете:

Грижа ли е што никогаш не сте вовеле бесплатно образование за учениците па сега сакате да добиете политички поени на сметка на презовот на учениците?

Грижа ли е да ги предадете охридските основни училишта со долг од над 44 милиони 187 илјади денари а средните со долг од 33 милиони 183 илјади 890 денари или вкупен долг од 77 милиони 371 илјади денари?

Грижа ли е тотално да се запостават имотно-правните односи на образовните институции што не ги средивте?

Грижа ли е запоставување на ученичкиот стандард којшто не беше воопшто важен во вашето мрачното владеење?

ВМРО-ДПМНЕ го воведе бесплатното образование, а со тоа бесплатни учебници и бесплатен превоз. Градоначалникот д-р Никола Бакрачески ги стави на највисоко ниво учениците издвојувајќи по 1500 денари за период од девет месеци за 21 талентиран ученик од основното и за 15 ученици од средното образование.

Поради целосната негрижа што СДС ја докажала на дело, на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе бидат казнети од страна на охриѓани и делигитимирани засекогаш од политичката јавност.“– стои во реакцијата.