Промоција на учебници на Брајово писмо за децата со пречки во видот

Министерката Дескоска беше во посета на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид„Димитар Влахов” во Скопје, каде во рамки на „Проектот за деца со пречки во видот поддржан од Американската агенција за меѓународен развој” (УСАИД) и меѓународната фондација на Лајонс клубовите (ЛЦИФ), беа промовирани 120 учебници за основно образование (1-9 одделение), на македонски и албански јазик, адаптирани и печатени на Брајово писмо за учениците со пречки во видот.

На настанот се обратија Директорот на Државното училишта за рехабилитацција на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”, г. Горанчо Јакимов, министерката Дескоска,Директорот на УСАИД, г. Дејвид Етбери, Директорот на проектот, г. Шпетим Латифи и студентката со пречки во видот, Беира Салифовска. На настанот беа присутни и голем број на ученици со пречки во видот, придружувани од нивните родители или асистенти.

Министерката Дескоска порача и вети дека и во иднина овие ученици нема да бидат заборавени од институциите, додека пак г. Етбери го поздрави присуството на министерката, и рече дека тоа говори за заложбите на министерката за унапредувањето на можностите и благосостојбата на децата со пречки во видот.