Македонскиот народ, македонските носителии бранители на државниот суверенитет Ве покануваат, заедно протестно да го чествуваме ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА, 8-МИ Септември, УТРЕ (петок), 08.09.2017од 18.30 – 20.30 часот.
Во контекст на најавените народно-творечки протести, предвидуваме пригодна културолошко- творечка програма и реализирање на дел од најавениот творечко-народен перформанс, создавање на мултимедијално и интерперсонално творечко дело – интервенција во простор. На ликовно- естетски начин, создавање на ликовна симболика на сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ, со поврзување на 3-те Илиндени, симболично тројство на стремежите и борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена држава: Питу Гули, симболика на борбата на македонскиот народ за слобода и создавање на сопствена држава, крунисана со создавање на Крушевската Република и првиот Претседател Никола Карев и на АСНОМ и 8-ми септември.
ЕПОПЕИТЕ ЗА НЕЗАВИСНОСТ
На Богородица
Од Дневникот на Ристо Мијаковски
Ако Никола Карев, Питу Гули, Гоце Делчев, Јане Сандански, мојот дедо Катил Ѓорѓи, ја воспоставиле првата Република на Балканот, во која ги вградиле сопствените животи, мисли, идеи, родољубие, хероизам, стремежи за создавање сопствена држава, борба за слобода и совршенство, културни вредности и во време на ропски мрак и кршење на универзалните права, се жртвувале за слободно живеење, слободна мисла и љубов,
Ако истата славна епопеја на мисла и стремежи ја продолжиле и македонските родољуби, во втората светска војна и успеале да ја возобноват и создадат втората македонска Република со локви крв, млади животи, неодживеани љубови и надежи, погледи кон сонцето Македонско, згаснати, недочекани…
Ако пред 26 години македонскиот народ, издејствува независност на Република Македонија,
Сега, сега нема никој право да ја погази, сквернави, обесчестува, руши, разнебитува, редефинира, окупира, дестабилизира, обезличува, гнаси, државата македонска.
Творечки протестно БАРАМЕ да не се сквернави, обесчестува, редефинира, уништува, и да ни се врати нашата светина/татковина, со крв, љубов, стремеж и свет хероизам создадена и спечалена.
П О В И К
До сите творци, родољуби, носители и бранители на државниот суверенитет, да се кренеме во одбрана на македонскиот државен суверенитет и независност.
Повик, да го срушиме ,,еднопартиското,, владеење и распродавање и на државниот суверенитет, независност и македонско наследство , со крв, пот и животи спечалено.
Повик, да ја возобновиме, македонската држава и гордост, да ја ресоздаваме Македонската Република.
Ете, некој ве намести во фотелјите државни, македонски. Ви даде можност. Но, вие направивте што направивте, расипавте што расипавте, искреиравте што искреиравте, ишаравте што ишаравте, и ако е за аир доста ви беше.
Сега СУВЕРЕНИОТ/народот македонски, граѓаните-носителите и бранителите на државниот суверенитет доаѓаат, си го превземаат суверенитетот во свои раце. Со единствена цел, заложба и мисла: Да си ја доизградат единствената татковина со повисоки цивилизациски вредности и перформанси.
За организаторите
Здружение на граѓани “Преродба”
Претседател Ана Бобинкова Мијаковска
Движење за граѓанско-цивилизациски вредности
Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет
Мултимедијален уметник Ристо Мијаковски
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.