Уште еден случај на кражба на македонска регистарска табличка во соседна Грција

Во текот на викендот, поточно на 19 овој месец на ГП „Богородица“ е пријавен уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во соседна Грција. Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка ,,Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила на 17.10. во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција. Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.