Физички нападната 20 годишна девојка во Охрид

Вчера во 17:00 часот во ПС Центар, А.А. (20) од Охрид пријавила дека, истиот ден во 15:20 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“, физички била нападната од страна на лицето С.Б.. Тој ја удрил со рака во пределот на лицето, при што и биле нанесени видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.