Министерот Адеми во работна посета на Република Хрватска

Министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми е во посета на Загреб и Беловар.

Во собранието на Република Хрватска, министерот Адеми оствари средба со пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, претседателот на Советот на Албанското национално малцинство на град Загреб, Шуип Зибери и почесниот конзул на Република Македонија во Задар и воедно Претседател на УО на ИВЗ во Република Хрватска Гзим Реџепи. На оваа средба беше констатирана поддршката од страна на домаќините за новите чекори кои ги презема новата Влада во делот на дијаспората.

Во Државниот уред за Хрвати надвор од Република Хрватска, министерот Адеми оствари средба со Државниот секретар Звонко Милас и неговите соработници, каде беше разговарано околу Националната стратегија којашто треба да ја изготви Владата на Република Македонија и се истакна дека во секој сегмент може Република Македонија да ја очекува поддршката од страна на Република Хрватска околу ова прашање. На оваа средба, министерот Адеми и државниот секретар Милас констатираа дека треба што побргу да се организира заедничка седница на влада, а според редоследот тоа треба да случи во Република Македонија.

По овие две средби во Загреб, министерот Едмонд Адеми имаше заедничка средба и прес-конференција со градоначалникот на Беловар, Дарио Храбек, каде беше презентиран патоказот кон остварување на потребите на дијаспората и нејзино институционализирање во Република Македонија. На оваа средба беше разговарано и за можностите за зголемување на динамиката на трговската соработка меѓу двете земји. Меѓу другото, посетата во Беловар министерот Адеми ја искористи и за средба со тимот на фабриката за кондиторски производи Кестлин.