Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 2.1% на месечно ниво, а за 2.8% на годишно ниво.

Во декември 2014, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1%.

Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 11.1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4.6%.