Охрид од утре домаќин на третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“

Oд утре до 16 септември во Охрид ќе се одржува третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“ во организација на македонското Здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).

Конференцијата се организира со цел промоција и унапредување на развојот, квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Р.Македонија кои како чинители на инфраструктурата за квалитет со своите испитувања и тестирања придонесуваат за подобрување на квалитетот на работна и животна средина, како и целокупното живеење.

На конференцијата свои обраќања ќе имаат м-р Магдалена Трајковска Трпевска, претседател на МАКЛАБ, д-р Трпе Ристоски, директор на ИАРМ, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, како и претседателот на ЕУРОЛАБ, Алваро Силба Ривеиро.