Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура „Григор Прличев“

Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Тамаро маркети се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Вработените во маркетите Тамаро, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција.

Од Црвен крст Охрид, се надеваат дека сите хумани охриѓани ќе го следат овој пример и ќе се приклучат на крводарителската акција, а воедно и ги покануваат на забава и дружба зачинета со дегустација на производи од маркетите Тамаро изложени на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“.

Акцијата ќе трае до 15:00 часот кога ќе бидат извлекувани награди за крводарителите.