Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и оваа година разговараше за состојбата со прозводството на јаболко пред почетокот на бербата и започнување на откупот на јаболкото.
Оваа година овој сектор се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи голема површина од овогодинешниот род. Имено според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година 5477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се деловни субјекти.
Врз основа на горенаведената состојба ФФРМ ги достави соодветните барања до Министерството за земјоделсво:
1. Минимална загарантирана откупна цена, односно 5 ден по килограм за индустриско јаболко на долгорочен период. За да може да се продискутираат овие актуелни состојби и проблеми иницирана е средба помеѓу здруженија на земјоделци каде што членуваат јаболкопроизводители и откупувачите на јаболко која би се одржала овој месец;
2. Утврдување на рок за исплата на штетите од пролетниот мраз за 2016 и 2017 година за овоштарите и лозарите;
3. Целосна исплата на субвенциите за 2016 година за овоштарите во најбрз можен рок и тоа по сите основи (одржување на овошни насади, предавање во индустрски капацитет по 2 ден по килограм и дополнителни субвенции за млад фармер, ридско планински подрачја и регистриран земјоделец).
Токму за разгледување на овие барања и поцелосно дискутирање на проблемите и предизвиците во овој сектор побарана е средба со министерот Николовски каде што би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизвдството.