Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба на дрзок начин“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.М.(60) од Елбасан- Република Албанија.
На петти минатиот месец, во 08 часот и 55 минути, пријавениот е забележан на влез во „Стопанска банка“ во Дебар и фатен во момент на извршување на казненото дело. Тој, при на влегување во банката на група граѓани, искористил згодна прилика и од задниот џеп на пантолоните на лицето Н.К. од селото Новак, му го одзел паричникот по што се обидел да го напушти местото. Притоа е фатен од страна на полициски службеник, одземен му е паричникот и приведен во полициската станица.
Пријавениот, во текот на јули оваа година, на ист начин и на истото место извршил и други казанени дела одземајќи паричници од тројца граѓани .
Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Џ.М. се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000,оо денари.