Претставата „Аналфабет“ во сабота пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во сабота (23ти септември) ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Претставата е со почеток 20.00 часот.

Картите се во продажба по цена од 150 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во претставата се користат пиротехнички средства.

Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата.

Работно време на билетарницата од вторник до петок од 10:00 до 20:00 часот, во сабота од 14:00 до 20:00 часот и во понеделник од 10:00 до 14:00 часот.