Tематска изложба „Живи фосили и ендемити од Охридското Езеро”

НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид во соработка со Природонаучен музеј на Македонија – Скопје организира тематска изложба „Живи фосили и ендемити од Охридското Езеро”.

Изложбата ќе биде отворена утре во 12:00 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура. Истата ќе биде поставена до 06.10.2017 година.

Влезот е слободен.