СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Р. (39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавениот, на 08.09.2017 година во 20:45 часот физички нападнал полициски службеник од Полициска станица Охрид, кој преземал службени дејствија по пријавено семејно насилство во домот на пријавениот.