Кандидатите за градоначалник на Дебрца потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Денес во Општинската изборна комисија во с.Белчишта, кандидатите за градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски, Зоран Ногачески  и Јадранка Бибан потпишаа Кодекс за фeр и демократски избори. 

Кодексот се однесува на почитување на Изборниот законик, како и овозможување изборниот процес во Дебрца да помине во фер и демократска атмосфера.