Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Л.А.(26) од кичевското село Грешница.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 25-ти минатиот месец околу 16:00 часот во Кичево на кејот покрај река „Сушица“. Тој, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатил сериозни закани по животот на 12 годишно момче од истото село и го присилил односно од него изнудил 6000,оо денари.