Кривична пријава за жител од Лешани кој крадел во фабричка хала на АД „ЕМО“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.С.(30) од селото Лешани, општина Дебарца.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот април-август оваа година, во фабричка хала на АД „ЕМО“ во стечај, лоцирана во селото Лешани. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот отишол пред фабричка хала, влегол во оградениот простор и се качил на кровната конструкција од објектот. Потоа, со употреба на подесен алат ги ослободил штрафовите со кои биле прицврстени вкупно 9 табли реброван лим и почнал да ги товари на патнички автомобил марка „Југо 45“, сопственост на неговиот татко. Притоа, пријавениот бил затекнат од униформирани полициски службеници по што брзо избегал од фабричката хала.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 600.000,оо денари.