Жител од Кичево заработи кривична пријава поради изнуда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Л.А.(26) од кичевското село Грешница.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 25-ти минатиот месец околу 16:00 часот во Кичево на кејот покрај река „Сушица“. Тој, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатил сериозни закани по животот на 12 годишно момче од истото село и го присилил односно од него изнудил 6000,оо денари.