ВМРО-ДПМНЕ: Стојаноски преку манипулативни изјави се обидува да ги излаже охриѓани

Во врска со прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите одСДСМ, Јован Стојаноски, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Јован Стојаноски преку манипулативни изјави се обидува да ги излаже охриѓани. Тој нема никаква визија нити проекти како да создаде подобри можности за охриѓани.

Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити и неговото недолично и скандалозно однесување како на факултетот така и во јавност. Така што попусти се неговите изјави за неговата наводна чесна мисија кога тој во тоа не може да ги убеди ни членовите на СДС во Охрид, а не пак останатите охриѓани.

Тие се сеќаваат дека во време на владеење на СДС, Стојаноски како продекан за финансии трошејќи пари за скапи патувања, вечери и високи бонуси за неговите колеги беше виновникот за финансискиот колапс на Факултетот за туризам и угостителство. Тие нема да дозволат истото да се случи со нивната општина.

На охриѓани им е повеќе од јасно дека Јован Стојаноски не е ништо повеќе од обична марионета на Зоран Заев и Томислав Тунтев кои преку него сакаат да го земат Охрид во свои раце и да го уништат како што тоа се случуваше во времето на Александар Петрески кој остави долг од над 50 милиони евра. Тотална измислица е услужна и отворена општина затоа што охриѓани многу добро ја препознаваат нивната стандардна политика со долгогодишните лаги, манипулации и задолжување, урбана мафија, корумпираност и неажурна локална власт на чело со партиски војници.

Единствената вистина е да се продолжи политиката на лаги, понижување на охриѓани и неспособност да се раководат институциите а со тоа уништување на градот Охрид.

Охриѓани ја препознаваат расипничката политика на СДС. На 15-ти октомври охриѓани ќеги казнат погубните политики на СДС и ќе изберат работа, конкретни проекти и мерки кои ги нудат Д-р Митко Тилевски и советнилката листа на ВМРО-ДПМНЕ.“- стои во реакцијата.