Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ води политика на унапредување на положбата на ранливите категории

Стремежот пред кој сме исправени за изградба на сплотен Охрид, Охрид – град на еднакви можности и шанси за сите е наша одгворност пред Вас. Следејќи ги светските трендови за инклузија и кохезија на сите социјални слоеви, ВМРО-ДПМНЕ води политика на унапредување на положбата на ранливите категории. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Георгиевски.

Во тој контекст ќе се продолжува со мерките во периодот што следи коишто се надоградени и опфаќаат повеќе сегменти, како што рече грижата за охриѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот.

„Охриѓани и изминатите четири години ги препознаа новите дела за напредок и подобар Охрид. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа. Проектите продолжуваат – започнувајќи нова ера за Охрид!“ – изјави Георгиевски.

Како што рече Георгиевски, новата Локална самоуправа предводена од Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.

„Од сопствени средства ќе изградиме станови во период од три години кои ќе ги понудиме бесплатно да може да ги користат семејствата со социјален ризик со што директно би им се помогнало на истите да добијат свој дом. Со изградбата на социјални станови, Општина Охрид ќе придонесе за станбеното решавање на социјалните случаи кои се најзагрозени, но и на оние кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом. На овој начин Општината врз принципи на солидарност и хуманост ќе им помогнеме на охриѓани на кои истото им е најпотребно.  Нема да застанеме тука затоа што ние работиме и нашата цел е секогаш работа. Работа со која ќе се постават патеки за слепи лица, бесплатен превоз за лица со инвалидитет, субвенции на комунални трошоци за ранливи категории граѓани, како и еднократна парична помош за секое новороденче (на првото новороденче 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено – 12 000 денари). Нашата одлика е решителност и одлучност, исто како и вашата. Затоа заедничка одлика нека биде бројот 13!“ – додаде Георгиевски.

WebOhrid