Ќе се служат свети литургии за претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30 септември 2017 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)

Вечерта во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ – Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба.

Во 18:30 во катедралната црква Св.Софија – Охрид свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на МПЦ-ОА.

На 01 октомври 2017 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.