Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството за одбрана оствари средба со Амбасадорот на Израел за Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан. На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Израел Во Република Македонија, Градимир Шумковски.
Амбасадорот изрази задоволство од нивото на соработката и нотираше дека постои можност за понатамошно интензивирање, посебно во областа на економијата, земјоделството и технологијата. Во однос на соработката во областа на одбраната беше потенцирана важноста на Центарот за обука на пилоти и се разговараше за можностите за продлабочување на соработката..
Беше отворена можноста за потпишување на Меморандум за соработка меѓу министерствата на двете земји во областа на одбраната, што ќе овозможи рамка за понатамошно интензивирање на веќе воспоставената одлична соработка.