Светски ден на поморството

Светскиот поморски ден официјално се одбележува на 28 септември 2017 година. Често овој ден се одбележува последниот четврток од септември. Земјите-членки на Обединетите нации и сите останати заинтересирани се поканети да прославуваат со активности во текот на истата недела и во текот на целата година.

Темата за 2017 година е: „Поврзување на бродови, пристаништа и луѓе“, која е избрана за да обезбеди можност фокусот да се стави на врз различните актери кои се вклучени во транспортните и логистичките области.

Морскиот сектор, кој ги вклучува превозот, пристаништата и луѓето кои управуваат со нив, може и треба да игра значајна улога во помагањето на земјите-членки да создадат услови за зголемување на вработеноста, просперитетот и стабилноста на копно преку унапредување на трговијата преку море; зајакнување на пристаништата и поморскиот сектор како креатори на богатството како на копно, така и преку развој на одржлива сина економија на море.

WebOhrid