Едно лице почина, две лица се повредени во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Денес, 29.09.2017 година во 07:40 часот се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат А2, Кичево – Гостивар, во близина на селото Трапчин Дол, во која патничко возило форд мондео со италијански регистарски ознаки управувано од И.И.(54), движејќи се по магистралниот пат во правец од Гостивар кон Кичево, на критичното место изгубил контрола над возилото, излегол во десно надвор од коловоз и со предниот дел удрил во бетонски мост.

Од здобиените повреди починала И.И.(54) од село Октиси, струшко додека И.И. и А.И.(33) двајцата од истото село, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. На местото на сообраќајната незгода извршен е увид од страна на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево.