Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ седумдесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 03.10.2017 година (вторник) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Предлог Одлука за отпис на основни средства – компјутери.
Предлог Заклучок за усвојување на информацијата за работата на Советот на општина Охрид во мандатниот период 2013 – 2017 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана Коњановска