Во врска со соопштението од СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои:
„Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овај пат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зградата во училиштето во с.Мешеишта?
Дали истата просторија е во целост узурпурана?
Дали во тие простории кои се општински Ногачески држи партиски состаноци?
Дали има партиски обележја во истата?
Како што и претходно кажавме, секогаш ќе зборуваме со факти и фотодокументција, па затоа да им олесниме на Ногачески и неговиот тим во оваа нивна лага и им презентираме на целата јавност од фотодукументација од узурпаираната општинска просторија, а сме во исчекување на приложување на било каков доказ за право на користење на истата од нивна страна.
На лагите на СДС и Ногачески не им веруваат ниту во сопствените редови, а Општина Дебрца на 15 октомври ќе заокружи број 13, за уште една историска победа на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски.“ – стои во реакцијата од ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.