Духовна академија по повод 50-годишнината од автокефалноста на МПЦ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваше на Духовна академија, што се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, по повод 50-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

Богослужбата се одржа во присуство на сите членови на Светиот архијерејски синод, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Духовната академија е дел од годинешната програма за прославата на 50 години Македонска православна црква, која се состоеше од канонизација на светци и осветување на нови храмови.

Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ е донесена на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ е извршен на 19 јули со Светата архијерејска литургија одржана во денешната црква „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.