Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс „Есента собира семиња за цветови во сите годишни времиња“

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија :

– Прва награда во висина од 7.000,00 денари Кристина Цветкоска, IX одделение од ОУ „Христо Узунов“ Охрид

– Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Викторија Печијареска VIIоддение, од ОУ„Григор Прличев“ Охрид

– Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Наум Палоски VIII одделение, од ОУ „Св.Наум Охридски“ с.Пештани ,Охрид

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија :

– Прва награда во висина од 7.000,00 денари Петар Илоски,III одделение, од ОУ „Кочо Рацин “, Охрид

– Втора награда во висина од 5.000,00 денари Ева Јанкоска, III одделение, од ОУ„Григор Прличев“ Охрид

– Трета награда во висина од 3.000,00 денари Корај Ахмед , II одделение , од ОУ„ Братство Единство“ Охрид

Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид ,во канцеларијата на ул. Димитар Влахов над Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот .