Заврши последната седумдесет и шеста седница на Советот на Општина Охрид

На последната, седумдесет и шеста седница, денес Советот на општина Охрид ја усвои информацијата за работата во мандатниот период 2013-2017 година, како и одлуката за отпис на основни средства – компјутери.

На седницата што се одржа во свечена атмосфера, заеднички беше констатирано дека Советот на општина Охрид во изминатите четири и пол години успешно ја изврши својата функција, носејќи одлуки во интерес на граѓаните и развојот на Охрид.