Пискулоска: Жителите на Дебрца единствено препознаваат дела и проекти, а тоа не оди заедно со ликот на Ногачески

ВМРОД-ДПМНЕ Дебрца денес одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник Катерина Пискулоска.

„Банално е некој да помислува дека може да владее со Oпштина Дебрца, а притоа и самиот тој во изминат изборен циклус да освои само 12 гласови. Ногачески треба да се погледа во огледало и прво себеси да си одговори неколку прашања. Дали некогаш бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Дали имал одредена позиција преку која можел да ја подобри самата состојба во општината, а всушност не направил ништо. Дали кога беше игнориран поради неговите фантазерски мисли се обиде како самостоен кандидат за Градоначалник, со дури освоени 12 гласа, за потоа да се инфилтрира во СДСМ. Но неможе Ногачески да се затскрие зад моменталната негова политичка партија, велиме моментална бидејќи по неговиот пораз, сигурни сме дека повторно ќе пребега во некоја друга политичка опција. Му порачуваме на Ногачески дека не треба со возилото кое го вози периодов со која лиферува политичка пропаганда да му биде излепена со постери за на тој начин го препознаваат, жителите на Дебрца единствено препознаваат дела и проекти, а тоа не оди заедно со ликот на Ногачески. Впрочем тоа Дебрца ќе го докаже на 15 Октомври кога довербата ќе биде дадена на Игор Трајкоски и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот 13.“– истакна Ногачески.