Трајкоски: Ќе реализираме нови проекти од областа на водоводната инфраструктура во Дебрца

Кандидатот за градоначалник на Дебрца, од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски денес во с. Ботун одржа прес-конференција. Тој ги презентираше досега реализираните проекти од областа на водоводната инфраструктура, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на водоводната инфраструктура.

„Општина Дебрца преставува општина која напредуваше во изминативе четири години. Таквиот начин е практична работа на ВМРО ДПМНЕ. Со ваквиот начин се зафативме уште во првиот ден и секојдневно со се поголемо и побрзо темпо макотрпно работевме. Но верувајте уште од првиот ден од нашиот мандат наидовме на проблематики кои не беа замисливи за 21 век. Особено тука би сакале да ја истакнеме проблемот со недостиг на вода низ повеќе места во самата општина. И тука започнавме од почеток и направивме многу. Сигурни сме дека треба уште и ќе направиме уште, бидејќи тоа ни е приоритет. Всушност колку значат самите водоводни мрежи за нашата работа е тоа што во изминативе четири години изградивме 12,5 км водоводна мрежа и друга инфраструктура.“- истакна Трајкоски.

Тој наброја некои од нив: Реконструирана водоводна мрежа во село Оровник, Изграден водоводен систем во село Ботун, Изграден резервар за вода село Требеништа, Извршена целосна реконструкција на Пумпна Станица “СВ.ЕРАЗМО”, Испитување за изградба на бунар за вода село Требеништа, Реконструирана Водоводната мрежа во село Требеништа, Изградена каптажа и извршена реконструкција на дел од водоводниот систем во Сливово.

„Затоа сакам да ветам и со тоа бидете сигурни дека ќе се исполни од тој аспект следниов распоред на проекти: – Изградба на пумпна станица за снабдување со вода за селата Орвник, Горенци, Требеништа и Волино. – Реконструкција на водоводната мрежа село Волино- Реконструкција на водоводната мрежа село Климештани  – Реконструкција на водоводната мрежа село Песочан – Реконструкција на водоводната мрежа на селата Издеглавје – Оздолени – Сошани – Слатински Чифлик – Реконструкција на водоводната мрежа село Мешеишта  – Реконструкција на каптажи за вода во село Оровник – Реконструкција на каптажи за вода во село Годивје. Вербата помеѓу нас е вистинскиот пат за реализација на сите потреби во општините, вклучувајќи ги тука и водоводните структури. Детално сме запознаени со остатокот од проблемите и истите во од ќе ги решаваме, бидејќи тоа е наша должност. Направивме многу но со ваша доверба и заокрожување на бројот 13 бидете сигурни ќе направиме уште многу повеќе.“- додаде Трајкоски.