Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени во законот за спорт.
Стана збор и за промените во училишниот спорт, во насока на омасовување преку напорите за вклучување на сите деца во спортските училишни клубови. Отченоста за потрошените буџетски средства, кои федерациите ги добиваат по предходно доставени годишни програми ќе остане приоритет во работењето на Агенцијата за млади и спорт, како и создавањето на стратегија за спорт за период 2018-2022 година.
Внесувањето на тековни информации од страна на федерациите во Информатичкиот спортски систем е законска обврска на сите федерации, од причина што тековните спортски случувања, клубови, регистрирани спортисти, систем на натпревари, како и учество на меѓународен план и остварувања од истите ќе биде земено во обзир при одобрување на годишните програми на федерациите и висината на финансиските средства кои ќе ги добиваат од страна на Агенцијата за млади и спорт.