Во рамките на своите активности, Фондацијата Македонско Наследство „Тодор Александров” оствари средба со Словенскиот амбасадор Проф.Др.Милан Јазбец.
Домаќин на средбата беше Доц.Др.Никола Митровиќ Бабе, а истата се одржа во канцелариите на Фондацијата на улица „Македонија“.
„Ова е многу значајна средба на која се реафирмира соработката и пријателските односи помеѓу Македонија и Словенија. Ние како фондација ќе се потрудиме оваа соработка да се продлабочи на многу други полиња. Со неговата екселенција Амбасадорот Јазбец разменивме мислења и согледувања за унапредување на соработката на нашата фондација со слични фондации и институции во Словенија. Со почитуваниот Амбасадор беа разгледани и конкретни насоки и планови за соработка во периодот што следи.”– вели Митровиќ.
Извршниот директор Митровиќ потенцира дека вакви средби на високо ниво ќе бидат пракса во понатамошното работење и дејствување на самата фондација.